ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ
Како што нагласивме продажбата на КИМИКО е фокусирана кон надворешниот пазар така да извезува 90% од своето производство.
Производството се одвива за однапред познати партнери по однапред добиени налози.Тоа овозможува планирање на производството.
Преку своите претставништва, КИМИКО е во постојан контакт со купувачите нудејќи го својот производен програм и следејќи ги нивните барања и преференции.
Истражувањата во маркетингот се изведуваат со цел да се задржат и засилат старите пазари и секако да се освојат нови.
КИМИКО располага со сопствени продавници каде што купувачите можат да се снабдат од широката палета на производи од сопственото производтство.
Функционалната облека е новина што се произведува во КИМИКО и е доста баран како на странскиот така и на домашниот пазар.