Основни податоци за КИМИКО

 Текстилната индустрија КИМИКО од Струга е приватна фирма која произведува памучни и памучно-синтетички плетенини како и детски,женски и машки производи кои, пред се наменети за извоз.
Фирмата е основана 1989 со само 30-тина вработени и до денес истата доживува рапиден пораст во секој поглед така да денес вработува приближно 500 лица.
Компанијата КИМИКО е лоциран во индустриска зона во Струга,Македонија.Опфаќа површина од 18,000 м2 од кои 6,500м2 се производни погони.
 Нашата цел во иднина е зголемување на продажбата и заработката за најмалку 30% секоја година како и поголема експанзија на фирмата.

 Производни капацитети - инфраструктура

 Производните процеси што се извршуваат во КИМИКО вклучуваат:

 Вработени - кадровски капацитети

КИМИКО во моментов вработува околу 500 лица. Последниве неколку години КИМИКО претрпе рапиден пораст кој може да се види пред се од зголемување и проширување на производните капацитети, модернизација на производството во сите негови сегменти,проширување на возниот парк и секако постојано зголемување на бројот на вработените.
Поради сето тоа генералниот директор Георги Миладинов го проширува својот менаџерски тим како би обезбедил структурална менаџерска организација.

 Остварени соработки, освоени пазари...

 КИМИКО ги фокусира своите извозни напори кон меѓународните пазари и сега извезува повеќе од 90% од своето производство главно во Evropa     Германија,Италија,Словенија,Хрватска,Грција,Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Производството се базира на припремени колекции за веќе познати купувачи.
Во припремањето на колекциите и во работата со нови дизајни и технологии успехот на КИМИКО се состои во тоа што постојано е во чекор со европските и светските модни трендови секако водејќи пред се сметка за барањата и преференциите на своите постојани коминтетни.

 Schnizler,Liegelind, Medico, Gebruder Conzelman-CONTA,PEVEC, ELAN, TAA MOSGEN ,ENGROTUŠ,POLZELA,MERCATOR, Baby Centar, MAUL SPORT, Carefour.

Освојувањето на нови пазари е со тенденција на постојан пораст пред се поради високиот квалитет на нашите производи,а што претставува наш заштитен знак.

Најнов тренд во маркетинг политиката на КИМИКО е создавање на сопствени заштитни имиња BRAND NAMES како што се: intimo, kid me, k-port,Oh

 

Исто така и за домашниот пазар КИМИКО важи за НАЈГОЛЕМ,НАЈРЕНОМИРАН И НАЈКВАЛИТЕТЕН производител на трикотажа